Достапни линкови

logo-print

Состанок на ЕУ – потврдена европската перспектива на Босна


Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ја разгледуваа соработката со земјите од Западен Балкан. На состанокот посебно беше разгледувана ситуацијата во Босна и Херцеговина при што е потврдена ,,европската перспектива“ на оваа земја. Шефовите на дипломатии на ЕУ сепак ги повикаа босанските политичари поодлучно да ги спроведат реформите, со цел суштински напредок на земјата на патот кон Унијата. На состанокот исто така е официјално е потврдено именувањето на австрискиот дипломат Валентин Инцко за нов меѓународен претставник во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG