Достапни линкови

ЕУ со одлука за санкциите кон Белорусија


Шефовите на дипломатиите на ЕУ одлучија да ја продолжат на дополнителни девет месеци одлуката со која на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и повеќемина други белоруски претставници им се овозможува да патуваат во земјите од ЕУ. Имено, забраната за патување во земјите на ЕУ кон Лукашенко и неговите соработници, беше воведена во 2006-та година, но лани беше укината по ослободувањето на политичките затвореници во оваа земја. Сепак, министрите изразувајќи загриженост за демократскиот развој на земјата, одлучија да ги продолжат санкциите кон Белорусија, за уште една година.
XS
SM
MD
LG