Достапни линкови

По 60 години, Либан отвори амбасада во Сирија


Либан денеска ја отвори својата прва амбасада во Сирија, пет месеци откако двете земји ги обновија дипломатските односи. Либан во именуваше дипломатот Мајкл ел Кури за либански амбасадор во Дамаск, додека Сирија сеуште нема назначено свој амбасадор во Либан, иако амбасадата е отворена уште во декември. Двете земји во октомври постигнаа договор за обновување на дипломатските односи, за прв пат по стекнувањето на независност од Франција пред повеќе од 60 години.
XS
SM
MD
LG