Достапни линкови

До крајот на годинава крај на рецесијата во САД


Бен Бернанке, шеф на Федералните резерви на САД

Бен Бернанке, шеф на Федералните резерви на САД

Рецесијата во Соединетите држави би можела да заврши кон крајот на оваа, а економското заздравување да започне во текот на идната година, изјави шефот на американските Федерални резерви Бернанке.

Претседателот на американската Централна Банка Бен Бернанке, во интервју за една од најгледаните емисии на телевизијата Си Би Ес, побара трпеливост во врска со резултатите од државните акции за подобрување на американската економија и за кредитирање на банките со цел да спречи натамошното нивно пропаѓање. Тој всушност го повтори неговото тврдење во врска со состојбата на американската економија што пред дваесетина дена го даде пред надлежниот сенатски комитет во Вашингтон:

,,Доколку акциите преземени од администрацијата, Конгресот и Федералните резерви бидат успешни во враќањето на финансиската стабилност, според мое мислење, има шанси сегашната рецесија да заврши во две илјади и деветата година, а идната да биде година на заздравување.,,

Бернанке овој пат додаде дека во таков случај заздравувањето ќе се забрзува.,,Најбитно е да дојде до стабилизија која всушност и е основата на заздравувањето,, изјави тој во телевизиското интервју, прво на еден актуелен шеф на Федералните резерви во изминативе дваесет години. Ваквиот потег повеќето аналитичари го поврзуваат со сериозноста на ситуацијата и со потребата на најмоќната
,,Најбитно е да дојде до стабилизија која всушност и е основата на заздравувањето,,
централна банка во светот да и го објасни тоа на пошироката јавност. Според Бернанке, состојбата на пазарот на трудот ќе се влошува и натаму, а стапката на невработеност би можела да достигне и над осум насто. Сепак, како што додаде, постојат извесни сигнали дека ситуацијата се подобрува. Бернанке и на став дека големите американски банки нема да пропаднат, со што, како што оцени, Соединетите држави ја избегнаа опасноста од повторување на големата економска криза слична на онаа од илјада деветстотини дваесет и деветата година. Најголема опасност за стопанството, според него, ќе биде евентуалниот недостиг на политичка волја за решавање на проблемите:

,,Владините политики на реакција ширум светот ќе бидат критична одредница за брзината и силата на заздравувањето,,.

Смета шефот на американската централна банка Бен Бернанке кој во телевизиското интервју призна дека светскиот финансиски систем во минатата есен бил многу блиску до пропаѓање и оти тоа било спречено откако американскиот Конгрес во октомври и дозволи на владата да ги рекапитализира банките.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG