Достапни линкови

Можно ли е раздвижување на македонската берза?


Скопје
Скопје
Раздвижувањата на њујоршката и лондонската берза минатата недела,во комбинација со финансиските извештаи за работата на домашните компании го анимираа тргувањето на македонската берза, објаснуваат брокерите. Растот на индексот на десетте најликвидни компании на берзата го поставува прашањето дали може да се очекува раздвижување на Македонската економија? Експертите велат дека берзата е премногу променлива за фда биде релиабилен индикатор на состојбата во домашната економиоја.
Брокерите велат дека опоравувањето на странските пазари влијаело на нагорниот тренд кој се забележува на домашната берза. Директорот на друшртвото за упртавување со фондови „Иново Сатус“ Миа Зографска вели дека ќе треба повеќе добри вести за македонските инвеститори да продолжат со поамбициозно тргување

„Сепак потребни се сеуште добри вести и оптимизам, а тоа на регионално ниво, па и во светот сеуште не го слушаме.“

Зографска додава дека потценетите македонски компоании не придонесуваат за појава на надолен тренд во тргувањето

„Имаме компании на кои акциите сепак им се потценети, но тоа незначи дека повторно може да очекуваме надолен тренд, односно паѓање, бидејќи сеуште особено странските инвеститори се воздржани.“

Имајки ги предвид нагорните трендови во тргувањњетро, се поставува прашањето дали раздвижувањето на берзата може да се отслика во раздвижување на целокупната екононмија. Професорот Владимир Филиповски вели дека тргувањерто на берзата е условено од многу информации и состојбата постојано се менува

„Цените посебно на акциите се многу променливи, тие се менуваат, гледате дури и дневно.“

Според Филиповски, состојбите во самата економија влијаат на тргувањето на берзата. Меѓу многуте фактори, Филиповски ги наведува каматните стапки, приливите од странските инвестиции и перцепциите на ризиците.

„Се разбира во домашните макрофактори треба да се споменат уште два фактори, а тоа се проценките за стапката на економскиот раст како и профилот на финансиската политика што се води.“

Инаку, последниот пазарен ден затвори со истргувани вкупен промет од повеќе од 12 милиони денари. На официјалниот пазар беа истргувани речиси 11 милиони денари, на редовниот пазар еден и пол милиони денари. Прометот е остварен преку 148 трансакции.
XS
SM
MD
LG