Достапни линкови

ЕУ за ситуацијата во БИХ и односите со Црна Гора


Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел ќе расправаат за соработката со земјите од Западен Балкан, особено за односите со Босна и Херцеговина и со Црна Гора. Се очекува да биде поздравено наименувањето на новиот меѓународен преставник во Босна, кој до крајот на годинава би требало да ги задржи овластувањата за влијание врз политичките и државните структури во земјата. Во врска со одоносите со Црна Гора, министрите ќе ги разгледаат можностите за прифаќање на молбата на Подгорица за добивање на статус на кандидат за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG