Достапни линкови

Соработката со Западен Балкан- тема на министерски состанок на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел ќе разговараат за соработката со земјите од Западен Балкан, но подетаљно ќе ја разгледаат опцијата за посилно ангажирање во Босна и Херцеговина, вклучувајќи и меѓународен претставник на Унијата во таа земја. Шефовите на дипломатиите се очекува да го поздрават наименувањето на новиот претставник за Босна и Херцеговина, кој би требало да почне да работи до крајот на годинава. Тој ќе ги задржи правата да влијае врз работата на политичките и државните официјални лица и да ги менува законите во таа земја.
XS
SM
MD
LG