Достапни линкови

Земјите од Г-20 ќе ги зголемат напорите за економски раст


Министрите за финансии на најголемите светски економии се обврзаа да вложат дополнителни напори за да ја заживеат економијата и светскиот економски раст. Ова следува по состанокот на министрите на групата Г-20 кој се одржа во јужна Англија. Британскиот министер за финансии Алистер Дарлинг изјави дека групата се согласила да направи се што е потребно за да се зголеми стапката на економски раст.
XS
SM
MD
LG