Достапни линкови

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Пакистан


Анти-владините демонстранти се судрија со полицијата во текот на протестите во пакистанскиот град Лахоре, зголемувајќи ја загриженоста околу можно влошување на ситуацијата во Пакистан. Повеќе стотици демонстранти, вклучувајќи ги адвокатите од оваа земја фрлале камења кон полициските службеници, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец. Пакистанскиот опозиционен лидер Наваз Шариф, ја прекрши наредбата за тридневен домашен притвор, што денеска му ја изрече полицијата и ги повика приврзаниците на протести. Демонстрациите на опозиционите активисти и пакистанските адвокати, со барање за независно судство, започнаа во четвртокот, а според најавите треба да кулминираат со собирање пред парламентот во Исламабад.
XS
SM
MD
LG