Достапни линкови

logo-print

Наваз Шариф се спротивстави на наредбата за домашен притвор


Поранешниот пакистански премиер и опозиционен лидер Наваз Шариф спротиставувајќи се на наредбата на пакистанската полицијата, која денеска му одреди тридневен домашен притвор, се обрати пред насобраната толпа пред неговиот дом во градот Лахоре, при што порача дека притворот што му е изречен е нелегален и противуставен. Агенциите јавуваат дека Шариф го напуштил домот и оти со колона возила се упатил во центарот на градот, на анти-владините демонстрации. Властите во Пакистан утринава освен до Шариф, домашен притвор одредија и за неговиот брат, како и за неколку други лидери на опозицијата. Полицијата во Пакистан изминатава недела уапси стотици опозициони активисти и адвокати, кои организираат протести барајќи независно судство. Демонстрациите започнаа уште во четвртокот, а според најавите треба да кулминираат со собирање пред парламентот во Исламабад.
XS
SM
MD
LG