Достапни линкови

Медведев – Олигарсите да се оддолжат кон државата во време на криза


Рускиот претседател Дмитриј Медведев ги повика најбогатите бизнисмени во земјата да ги исплатат ,,своите морални долгови“ кон општеството во текот на економската криза. Можеби никаде во светот бизнисот не се развиваше толку брзо како во нашата земја. Луѓето стануваа многу богати за прилично кус период. Сега е време за враќање на долговите, моралните долгови, затоа што кризата е тест на зрелост, вели Медведев во интервјуто што вечерва треба да биде емитувано на државната телевизија, а кое веќе е објавено на интернет страницата на Кремљ. Брзата транзиција на пазарната економија во Русија во 90-тите години, создаде група на т.н. супер богати бизнисмени, попознати како ,,олигарси“.
XS
SM
MD
LG