Достапни линкови

logo-print

Милитантите запалиле 20 камиони со намирници за НАТО силите


Талибанските милитанти запалиле 20 камиони со намирници наменети за силите на НАТО во Авганистан, што е прв поголем напад на главната рута за снабдување во северозападен Пакистан, во изминатите неколку месеци. Милитантите фрлиле молотови коктели запалувајќи ги камионите, по што отвориле и оган ранувајќи двајца стражари пред да избегаат. Камионите биле паркирани на паркинг во предградието на пакистанскиот град Пешевар.
XS
SM
MD
LG