Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу полицијата и група демонстранти во Северна Ирска


Полицијата во Северна Ирска вчера се судрила со група демонстранти во рамки на нередите, кои уследија по апсењето на три лица осомничени за убиството на двајца војници при нападот на британската воена база во близина на Белфаст. Нередите се случиле во градот Лурган, а демонстрантите, како што се јавува, фрлале камења и молотови коктели, но никој не е повреден. Нападот врз британската воена база се случи минатиот викенд, а одговорноста ја презеде т.н. Вистинска ИРА, крило на Ирската Републиканска Армија.
XS
SM
MD
LG