Достапни линкови

Домашен притвор за пакистанскиот опозиционен лидер Наваз Шариф


Властите во Пакистан одредија домашен притвор за поранешниот пакистански премиер и опозиционен лидер Наваз Шариф. Овој чекор доаѓа во момент кога пакистанската опозиција оддржува анти-владини протести во земјата, кои Шариф ги поддржа. Според извештаите, полицијата ја опколила неговата куќа во градот Лахоре, и му одредила тридневен домашен притвор. Слични рестрикции се преземени и кон братот на Шариф, и кон други опозициони лидери. Полицијата во Пакистан изминатава недела уапси стотици опозициони активисти и адвокати, со цел да ги спречи протестите кои започнаа во четвртокот, а според најавите треба да кулминираат утре со собирањето пред парламентот во Исламабад.
XS
SM
MD
LG