Достапни линкови

ОДИХР со оценка за изборната кампања во Македонија


Во својот најнов извештај за текот на изборната кампања во Македонија, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР оценува дека таа се одвива низ енергична политичка активност со голем број митинзи на партиите и кандидатите. Реториката за време на кампањата е културна и одмерена, се наведува во извештајот на ОДИХР, во кој исто така стои дека до мисијата пристигнале неколку известувања за минорни инциденти и заплашувања до граѓаните. Мисијата ги провери овие инфромации и заклучи дека некои од нив се веродостојни, се вели во извештајот. ОДИХР уште оценува дека генерално подготовките за изборниот процес се одвиваат успешно и покрај тоа што ДИК се соочува со недостиг од професионален кадар.
XS
SM
MD
LG