Достапни линкови

logo-print

Нова порака на Осама Бин Ладен


Лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, во новата аудио снимка, што ја објави телевизијата Ал Џезеира, ги обвини умерените арапски лидери за заговор со Западот против муслиманите. Во пораката Бин Ладен, исто така ја опишува неодамнешната израелска офанзива врз Појасот Газа како ,,холокауст“ и упатува критики до арапските лидери дека не се ангажирале доволно за да ги запрат насилства. Автентичноста на снимката не е потврдена, но гласот на неа е сличен на претходните пораки на Осама Бин Ладен.
XS
SM
MD
LG