Достапни линкови

Милошоски – Грција продолжува да ги негира правата на малцинствата


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во врска со преговорите за името со посредство на медијаторот Метју Нимиц изјави дека од македонска страна секогаш постои расположение за разгледување на новите идеи и посочи дека земјата останува активна во овој процес. Според него, потребна е поголема политичка воља за да се постигне компромис. Околку извештајот на ОН за состојбата со малцинствата во Грција, Милошоски додаде дека тоа е значаен документ, кој ќе привлече поголемо внимание на меѓународните организации и оцени дека грчката влада и натаму продолжува да го негира правото на малцинско самоопределување.
XS
SM
MD
LG