Достапни линкови

Во Северна Ирска уапсени три лица за убиството на британските војници


Полицијата во Северна Ирска соопшти дека уапсила три лица за убиството на двајца војници во британската воена база, што се случи минатиот викенд. Таканаречената ИРА-Вистинска, ја презеде одговорноста за нападот, најголем во изминатава една денеција од потпишувањето на Мировниот Договор со кој беше ставен крај на насилствата во Северна Ирска. Два дена подоцна, во Северна Ирска беше убиен и еден полицаец, а одговорноста ја презеде друго крило на ИРА.
XS
SM
MD
LG