Достапни линкови

Во Албанија се плака само половина од испорачаната струја.


Независно од преземените акции на албанската Електродистрибуција за исклучување на оние кои не ја плаќаат струјата, нивото на наплата и натаму е многу ниско, изјави Камила Нуахман, претставник на Светската банка во Албанија по повод потпишувањето на договорот за продажба на Електродистрибуција на чешката компанија „Чез“. Минатата година помалку од 50 проценти од енергијата испорачана од системот за дистрибуција е платена. Според Нуахам, работата на Електродистрибуција ги погодила сите сектори, резултирајќи со прекин на енергијата за домаќинствата, бизнисите и државните структури.
XS
SM
MD
LG