Достапни линкови

Г - 20 состанок за излез од економската криза


G20 Finance Ministers Meeting in Horsham

G20 Finance Ministers Meeting in Horsham

Министрите за финансии од Групата 20 водечки економии во светот, се заложија за вложување ,,суштински напори“ за справување со актуелната економска криза. Заложбата е наведена во соопштението на крајот од разговорите на министрите за финансии и шефовите на Централните Банки на Групата 20, што денеска се одржа во англискиот град Хоршам. Британскиот министер за финансии Алистер Дарлинг изјави дека учесниците постигнале договор за преземање на ,,секоја акција која што ќе биде потребна“ за да се осигура економски раст. Тој исто така рече дека министрите се согласиле околу потребата за зголемување на ресурсите на Меѓународниот монетарен фонд за да им се помогне на погодените земји.

Инаку пред состанокот преовладуваше поделеноста околу мерките што треба да се донесат. Соединетите Држави, инсистираат на издвојување поголеми суми пари за економијата, односно натамошти стимулативни мерки, додека некои европски земји пред се Германија и Франција сметаат дека одговорот за светската економска криза треба да се фокусира на што помала потрошувачка, односно се против нови стимулативни мерки. Американскиот претседател Барак Обама од Вашингтон се обиде да испрати порака за иднината на американската економија, велејќи дека неговата администрација работи врз креирање модел за солиден економски раст кога рецесијата ќе заврши:

„Многу е важно, дури и кога сме фокусирани врз финансискиот систем и кредитниот пазар, дека ние ги поставуваме основите за тоа што јас го нарекувам пост бабл – економски модел за растеж. Завршија деновите кога ќе бидеме способни за раст на економијата само врз прегреаниот станбен пазар или потрошувачката на луѓето врз база на нивните кредитни картички.“

изјави Обама. Инаку, денешниот состанок беше всушност подготовка за состанокот на лидерите на Групата 20, што на почетокот од април ќе се одржи во Лондон. Земјите од групата 20 претставуваат 80% од светската економија, вклучувајќи ги водечките економски сили како Соединетите Држави, Јапонија, Кина, земјите од ЕУ, како и Русија, Бразил, Јужна Кореја, Турција и Саудиска Арабија.


XS
SM
MD
LG