Достапни линкови

logo-print

Валентин Инцко - пред тешки задачи во Босна


Новиот висок преставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави синоќа за словенската новинска агенција СТА дека го радува подршката која ја добил, но дека го чекаат тешки задачи, посебно реформа на полицијата и правосудството. По неодамнешниот престој во Вашингтон, каде ја доби американската подршка, Инцко утре ќе ја посети Москва, на повик на заменик министерот за надворешни работи на Русија. Потоа ќе ги посети и Виена и Братислава, каде што ќе се состане со бившиот висок представник во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак.
XS
SM
MD
LG