Достапни линкови

Бранителите бараат решавање на социјалниот статус


Бранители

Бранители

Според евиденцијата на здружението на бранители во Куманово регистрирани се 1,500 незгрижени бранители од кумановско. Тие бараат помош во надминување на животните проблеми

Здружението на бранителите во конфликтот во 2001-та година од Куманово повеќе од една година активно и јавно се залагаат да ги потсетат надлежните во државава да им го реши социјалниот статус и надминување на нивните круцијални животни проблеми. Предраг Петрушевски-Бинго од Здружението вели дека во нивната евиденција на незгрижени, се околу 1.500 бранители само од кумановско, кои државата ги оставила сами на себе.

„Зборуваме за луѓе од резервниот состав на војската и полицијата кои се оставени на улица, кои не се вработени и кои не ги оствариле своите права. Многумина од преживеаните сеуште ги чувствуваат последиците од траумите од конфликтот. Тие случувања беа не по волја на бранителите. Бевме повикани да ја браниме Македонија, а потоа бевме заборавени и оставени сами на себе со нашите проблеми.“

За оние од другата страна на конфликтот Петрушевски вели,

„Тие сега се во Парламент и на позиции, а нашите бранители останаа на улица.“

Тој додава дека бранителите не ги интересираат политичките функции туку остварување на нивните основни права. Здружението со средства од членарината и од донации од успешни фирми им помага на најзагрозените семејства на бранителите,особено за лекување.

Педесетгодишниот Јашар Зекировски е еден од бранителите кој со осумчленото семејство живее од 4 ипол илјади денари социјална помош.

„Баравте ли од државата да ви помогне?
Баравме, но не добивме ништо. Државата не повика, дадовме од нас што можевме и сега секој си ја гледа својата работа,“

вели Зекировски.

Звездана Арсовска е волонтер во Здружението.

„Зошто се одлучивте да волонтирате?
Во моето потесно семејство и во комшилукот имам деца кои беа учесници во конфликтот. Знам дека се во тешка состојба,со неостварени права и одлучив на овој начин да им помогнам.“

Бранителите ја промовираа и книгата „Да се потсетиме да не се повтори 2001-та –Македонски херои“ од Латко Петрески од Прилеп директен учесник во конфликтот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG