Достапни линкови

Состанок на Г-20 за економската криза


Министрите за финансии и првите луѓе на централните банки на групата 20 водечки економии во светот одржуваат состанок во близина на Лондон, посветен на начините за излез од глобалната економска криза. Пред состанокот остана поделеноста за можните мерки. Соединетите Држави, Јапонија и Кина се залагаат за извојување поголеми суми пари за економијата, но некои европски земји, меѓу кои Германија и Франција се против нови стимулативни пакети. Претседателот на Светска Банка, Роберт Целик, кој претседава со собирот, оцени дека оваа година ќе биде многу тешка и прогнозира пад на светската економија за 1 до 2 насто, па се заложи за итни мерки.
XS
SM
MD
LG