Достапни линкови

Протест на млеко-производителите пред Владата


Околу 200 фармери од повеќе градови во Македонија се собраа денеска пред Владата во Скопје на протести заради несплатеното предадено млеко. Компанијата Сведмилк информира дека почнала да им ги исплаќа парите на фармерите, но тие тврдат дека не добиле ништо. Портпаролот на Владата Шефик Дураки повика нивни претставници на средба со министрите за земјоделство и за економија, Ацо Спасеновски и Фатмир Бесими, но тие одбија. Сведмилк на околу 25 илјади фармери им должи над 3,5 милиони евра за млекото предадено пред 8 месеци.
XS
SM
MD
LG