Достапни линкови

Швајцарија ќе дозволува увид во некои банкарски сметки


Швајцарија донела одлука да го ублажи законот за тајноста на сметките во нејзините банки, со кој беа заштитени странците за кои постоеше сомневање дека имаат големи суми нелегални пари на сметки во швајцарски банки. Владата соопшти дека ќе им дава информации на странски земји за сметките, но само во случаи кога ќе бидат обезбедени целосни докази за даночно затајување. До овој потег доаѓа по меѓународниот притисок за укинување на тајноста на сметките, поради даночните затајувања и продлабочувањето на светската економска криза.
XS
SM
MD
LG