Достапни линкови

Ахмадинеџад: Санкциите против Иран, голема грешка


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека меѓународните санкции против неговата земја се, како што рече, детска идеа и голема грешка. До ова дојде ден откако американскиот претседател Барак Обама ги продолжи санкциите против Иран за уште една година. Обама изјави дека политиката на иранската влада продолжува да претставува закана за Соединетите држави. Тој изрази готовност за директни преговори со Иран, но го повика Техеран да се откаже од нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG