Достапни линкови

Судот на ЕУЛЕКС ослободи косовски албанец


Албанец, кој лани беше осуден на четириесет години затвор поради бомбашки напад во две илјади и прва година врз српски автобус, во кој загинаа единаесет лица, а над дваесет и две беа ранети, е прогласен за невин од судот на ЕУЛЕКС. Утврдено е дека доказите против Албанецот Флорим Ејупи биле недоволни за да се осуди и затоа е наредено негово ослободување. ЕУЛЕКС почна да дејствува во декември минатата година, менувајќи ја мисијата на Обединетите нации во областа на правосудството и полицијата.
XS
SM
MD
LG