Достапни линкови

Пад на демократијата во Македонија


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија
Демократијата во Македонија стагнира, констатира лондонски „Економист“ врз основа на истражувањето за демократскиот развој во светот. Експертите во Македонија се согласуваат дека проблеми со демократските процеси има, додавајки дека демократските принципи намногу се актуелизираат пред озбори, кога граѓаните се анимираат за гласање.
Професорот Јетон Шасивари вели дека проблемите со демократијатѕа во земјава не можат инстантно да се решат.

,,Треба подолг временски период да се изгради демократски систем. Би рекол дека овие елементи се нормални, особено политичката култура и политичката свест."

„Економист“ констатира дека посебно проблематични се граѓанските права и политичкиот дијалог во земјава. шасивари смета дека овие прашања посебно се актуелизираат во предизборието.

,,Ние повеќе имаме мобилизаторска демократија, значи за време на изборите ги мобилизираме граѓаните, од страна на партиите. Немаме
Успеавме демократијата да ја извадиме од институциите каде што се практицира и да добиеме, би рекол, партократија, во смисла големите партии да се повикуваад и да одлучуваат за значајни прашања на средби, надвор од институциите на системот
партиципативна демократија, самиот граѓанин самостојно да биде носител на разни политички процеси, нови идеи итн."

Со слично мислење и професорот Звонимир Јанкуловски. Тој напоменува дека ставот на странските организации и медиуми денес не е поразличен од порано

,,Констатациите се разочарувачки. 18 години демократски развој. Прашањето за стагнација или нестагнација на демократските процеси во Македонија во многу се условени од тоа како политиката генерало се однесува кон концептот на човековите права и владеењето на правото во државата."

Според Јанкуловски, политичкиот дијалог во Македонија се сведува на одлуките на поголемите политички партии

,,Успеавме демократијата да ја извадиме од институциите каде што се практицира и да добиеме, би рекол, партократија, во смисла големите партии да се повикуваад и да одлучуваат за значајни прашања на средби, надвор од институциите на системот."

Инаку лондонскиот неделник „Економист“ важи за еден од највлијателните меѓународни публикации. На неговата листа направена за развојот на демократијата во 2008 година, земјава е рангирана на 72 место. Во 2006 та година на истата листа Македонија се наоѓаше повисоко на ранг листата, или на 68 место.
XS
SM
MD
LG