Достапни линкови

Состанок на Г-20 во Лондон


Министрите за финансии и првите луѓе на централните банки на групата 20 водечки економии во светот, се состануваат денеска во близина на Лондон на разговори за излез од глобалната економска криза. Состанокот е всушност подготовка на самитот на групата 20 што треба да се одржи во наредниот месец во Лондон. И пред денешениот состанок има поделеност околу начините за запирање на економскиот пад. Соединетите Држави се залагаат за поголема потрошувачка, додека европските земји, предводени од Германија и Франција инсистираат на подобра регулација на финансиските пазари.
XS
SM
MD
LG