Достапни линкови

Кина загрижена за девизните резерви во САД



Кинескиот премиер Вен Џибао изјави дека Кина со внимание ја следи американската економија и е загрижена за сигурноста на кинеските сметки во Соединетите Држави. На прес конференција во Пекинг, Вен Џибао нагласи дека Кина е најголем светски доверител во владата на Соединетите Држави. Аналитичарите проценуваат дека половина од кинеските девизни резерви, од околу 3 трилиони долари, се инвестирани во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG