Достапни линкови

logo-print

Продолжени санкциите на САД спрема Иран


Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи санкциите на Соединетите Држави спрема Иран на период од уште најмалку една година, оценувајќи дека иранската владина политика продолжува да претставува закана за неговата земја. Санкциите со кои на американските компании им се забранува соработка со нафтената индустрија на оваа земја, како и инвестициски врски со Иран, за првпат беа воведени од администрацијата на Бил Клинтон во 1995-та година поради сомневања за инволвираност на Иран во тероризам и развивање на оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG