Достапни линкови

Словенија и Италија се за проширување на ЕУ кон западен Балкан


Шефовите на дипломатиите на Словенија и на Италија, Самуел Жбогар и Франко Фратини упатија заедничко писмо до министрите за надворешни работи на ЕУ, во кое укажуваат на значењето на проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан. Писмото е упатено вчера со цел да се поттикнат нови расправи за таа тема на претстојните состаноци на министрите за надворешни работи на ЕУ. Жбогар и Фратини во писмото укажаа и на важноста од либерализација на визниот режим за државите од Западен Балкан и повикаа на политички консензус кој би овозможил, со исполнување на условите кои Европската Комисија им ги поставува на сите земји, што побрзо да се упрости визниот режим.
XS
SM
MD
LG