Достапни линкови

Помал данок за повеќе туристи


Охридско Езеро

Охридско Езеро

Хотелиерите во Македонија доставија предлог до Владата за намалување на данокот на додадена вредност за туристичката дејност од 18 на 5 отсто. Хотелиерите тврдат дека на овој начин ќе се придонесе кон стимулирање на туризмот во земјава во услови на криза, кога се намалува бројот на туристи. Од надлежните министерства за сега нема информации за тоа дали ќе се прифати или ќе се одбие предлогот на хотелиерите, но туристичките работници ја подржуваат оваа инцијатива. Претседателот на здружението на туристички работници на град Скопје Ангел Иванов вели дека со намалување на данокот на додадена вредност ќе се привлечат повеќе туристи во Македонија:

„Не сме ние некое чудено невидено, кое што мора да се посети. Освен малиот број културно-историските спомениците во споредба со другите земји и мал број атракциите, една од актракциите треба да бидат ниските цени на хотелите.“

Иванов додава дека туристичките работници се подготвени да ги намалат цените на аранжманите доколку се намалат давачките кон државата:

„Попустот од 15%, а и ние би се откажале од дел од нашиот процент, од нашата заработувачка, може многу да помогне.“

Како илустрација за слабата конкурентност на домашниот туризам, Иванов гио прераскажува искуството на клиентка која годинава уплатила за зимување во Бугарија:

,,Таа се врати од Бугарија, од еден хотел, со четири ѕвездички, извонреден, со појадок и вечера и цената била 35 евра. Ноќевање со појадок во хотел ,,Бистра“ во Маврово, е 80 евра.“

Предлогот за намалување на давачките го подржуваат и од Партијата за демократска обнова на Македонија, еден од главните лобисти во Владата за подршка на туризмот. Портпаролот на ДОМ Тони Ристевски предлага и поефтинување на авионскиот превоз:

„Авионскиот превоз е еден од оние сегменти на кој што треба да обрнеме внимание во наредниот период, ако сакаме да го зголемиме бројот на туристи во Македонија.“

Инаку ефектот на економската криза веќе го погоди развојот на туризмот во земјава. Според неофицијални проценки, во предсезоната во земјава е забележан пад на туристички посети од 15 до 20 отсто.
XS
SM
MD
LG