Достапни линкови

Финансиерот Мадоф ја призна вината


Американскиот финансиер Бернард Мадоф пред судот во Њујорк се изјасни за виновен по сите 11 точки од обвинението против него, за огромна финансиска измама во вредност од 50 милијарди долари. Пред судот Мадоф изрази ,,длабоко жалење и засраменост“. Тој изминатите 20 години, раководел со пирамидална шема во која почетните инвеститори ги исплаќал со парите од новите клиенти. Во целата афера се измамени многумина индивидуалци, банки, компании... Судот во Њујорк нареди притвор за Мадоф, до изрекувањето на пресудата во јуни. Тој се соочува со доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG