Достапни линкови

НАТО и ЕУ го поздравија враќањето на Франција во НАТО структурите


Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер ја поздравија одлуката на Франција да се врати во воената командна структура на НАТО. Тоа е добра одлука, значајна за добрите односи на Европската Унија со НАТО, оценија двајцата претставници. Ваквиот чекор, кој вчера го соопшти францускиот претседател Никола Саркози, го поздрави и германскиот канцелар Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG