Достапни линкови

Македонија до крајот на годинава да добие датум за преговори


Македонија до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и целосна визна либерализација, препорачува Европскиот парламент во извештајот за напредокот на земјата во текот на минатата година, што беше усвоен денеска во Стразбур. Тоа што Македонија сеуште нема добиено датум за преговори, има демотивирачки ефект врз државата и граѓаните и го зголемува ризикот за дестабилизација на регионот. За да се прекине таквата состојба Советот на ЕУ треба да одреди дата за почеток на преговорите до крајот на годинава, стои во Извештајот на ЕП. Парламентот исто така препорачува и укинување на визите за македонските граѓани до крајот на 2009-та година.
XS
SM
MD
LG