Достапни линкови

Меѓународниот фактор интервенира за фер избори


Евро амбасадорот Ерван Фуере
Евро амбасадорот Ерван Фуере

Според политиколозите негативната кампања ги бранува страстите кај партиските симпатизери. Затоа, велат тие, меѓународниот фактор овој пат интервенира превентивно и промовира позитивна кампања.

Иако даде позитивни оценки за кампањата на државно ниво, таму каде што мислеше дека е потребно евроамбасадорот Ерван Фуере, притрча да помогне. Им понуди вино и риба на кандидатите за градоначалник на Струмица и ги натера да си ветат позитивна
Голем дел од насилствата се резултат токму на тие негативни ставови и неуспехот да се смират страстите кај едните или другите поддржувачи на кандидатите на партиите
кампања. Невообичаена интервенција ако се земе предвид дека негативната кампања е сосема очекувана во секое демократско општетсво но во Македонија таа треба да се избегнува зошто подоцнаа во наши услови лесно може да премине во изборно насилство, вели политикологот Илија Талев од Центарот за истражување и креирање политики.

„Голем дел од насилствата се резултат токму на тие негативни ставови и неуспехот да се смират страстите кај едните или другите поддржувачи на кандидатите на партиите.“

Општ е впечатокот дека меѓународната заедница овој пат ја акцентира потребата од добро организирани и спроведени избори што беше помалку присутно на претходните избори,

„На некој начин меѓународната заедница виде дека е неопходно да интервенира како превентива за изборите да се одвиваат на добар начин.“

додава Талев.

Рално изгледа како амбасадорите да се позагрижени да имаме фер избори од самите домашни актери, додава професорот Мерсел
На некој начин меѓународната заедница виде дека е неопходно да интервенира како превентива за изборите да се одвиваат на добар начин
Биљали и зад тоа мисли дека стојат воглавно две причини.

„Првата е реално дискредитација на институциите на земја кандидат за ЕУ, затоа што беа организирани избори како минатите избори. И второ, најверојатно ќе добиеме либерализација на визниот режим, така што тоа е една сатисфакција и ако има лоши избори има можност и тоа да падне во вода, така што нема ништо да и се нуди на Република Македонија што ќе беше лошо и за нив и за нас.“

Изборното насилтво беше главна забелешка во минатогодишниот извештај на европската комисија за напередокот на земјава. Евроинтеграцискиот напредок барем според изјавите од меѓународната заедница клучно ќе зависи од начинот на кој ќе бидат спроведени претстојните избори.Засега според генералните оценки кампањата се довива мирно но стравувањата се дека негативниот вокабулар кој се вжештува може да ја вжешти атмосферата на терен до денот на изборите.

XS
SM
MD
LG