Достапни линкови

Предизборие без инциденти


Набљудувачи на ОБСЕ
Набљудувачи на ОБСЕ

Првата половина од предизборната кампања поминува без поголеми инциденти, но со вообичаениот наврeдлив вокабулар, оценуваат

Нема прекршоци, немаме изречено мерки од почетокот на кампањата и се надеваме дека така ќе продолжи и понатаму

од организациите задолжени за следење на целиот изборен циклус.

Од Советот за радиодифузија кои се задолжени за мониторинг на медиумите, велат декa, медиумите се однесуваат изненадувачки добро.

„Нема прекршоци, немаме изречено мерки од почетокот на кампањата и се надеваме дека така ќе продолжи и понатаму,“

вели Илир Ајдини од советот за радиодифузија.

Од невладината „Цивил“, кои го наблудуваат целиот изборен процес, оценуваат дека досега кампањата не се разликува многу од кампањите за останатите избори:

„Вокабуларот е груб, исто така гаранциите дека ќе бидат демократски, мирни и фер изборите, исто како и кај останатите избори.“

објаснува првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала, и додава дека било каков инцидент, би ја уништил кревката демократија.

Очекуваме како организација сите релевантни чинители во процесот да покажат политичка волја, демократски капацитет и култура да спроведеме фер и демократски избори

Дека предизборната кампања се одвива без поголеми проблеми се согласува и извршниот директор на „МОСТ“, Дарко Алексов.

„Очекуваме како организација сите релевантни чинители во процесот да покажат политичка волја, демократски капацитет и култура да спроведеме фер и демократски избори.“

Државната изборна комисија се подготвува за престојните избори. Со оглед на тоа што во ист ден се и претседателските и локалните, тие имаат и дополнителни обуки за луѓето кои ќе го следат изборниот процес. Но обуки ќе има и за самите гласачи.

„Ќе бидат промовирани видео и аудио спотови и печатени материјали преку кои ќе се врши обука на гласачите за претстојните претседателски и локални избори. Веќе се подготвени материјалите и планирано е од утре да бидат емитувани на електронските медиуми и објавувани во весниците,“

вели Зоран Таневски од Државната изборна комисија.

Престојните избори ќе ги набљудуваат и претставници од ОБСЕ-ОДИХР, од странските амбасади, а државната изборна комисија разгледува уште десетина барања на други групи кои сакаат да ги мониторираат изборите.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG