Достапни линкови

Обама ги повика сојузниците на поагресивно соочување со кризата


Американскиот претседател Барак Обама ги повика меѓународните сојузници да преземат поагресивни мерки за соочување со економската криза. По состанокот со министерот за финансии Тимоти Гајтнер, Обама изјави дека американските напори за окончување на рецесијата не можат да бидат успешни без меѓународна координација. Неделава во Лондон Гајтнер ќе разговара со министрите од групата 20 индустриски најразвиени земји и земји во развој, воочи самитот посветен на светската економска криза кој ќе се одржи на 2-ри април.
XS
SM
MD
LG