Достапни линкови

И покрај жестоките реакции во јавноста, во Струга сепак наставата започна да се одвива во етнички сметни. Професорите и родителите Македонци и Албанци се договорија пробно до јуни наставата да се одвива во одвоени смени. Стручната јавност сеуште се прашува, значи ли дека за некое време ќе имаме и поделба на полицијата, поделба на институциите, на улиците и ред други поделби.

Се воведоа јазичните смени во средното стручно училиште "Нико Нестор" во Струга. По тринеделниот прекин на наставата од учениците Македонци, по долготрајните мачни преговори и сосема спротивставените ставови, пред 10-тина дена професорите и родителите Македонци и Албанци со раководството на училиштето, локалната власт и Владините претставници, конечно се договoрија пробно до јуни, да се оди на настава во одделни јазични - етнички смени и со враќањето на учениците во училиштето да се одблокита кризата кај средношколците, што овде често се манифестира со меѓуетнички тензии, тепачки, инциденти и бојкот на наставата.

„Во претпладневна смена до крајот на неделата имаме албанска настава, а во попладневна смена до крајот на неделата имаме македонска настава, што значи од понеделник ќе имаме обратна смена.“

вели Маре Савеска, директорка на Нико Нестор. Тензичната состојба во Нико Нестор предизвика бура реакции и дебати во јавноста, како и вклучување на централната и локалната власт во решавањето на проблемот:

„Ние се трудевме за интегрирано училиште, и настава сите заедно. Но за жал не бевме сите сложни за ваков тип на настава и прифативме едно компромисно решение.“

вели Џејми Хајредини, раководител на секторот за образование во општина Струга, кој признава дека имало политика во случајот со Нико Нестор, што според него било очекувано во предизборието, но тој смета дека политиката треба да ги тргне рацете од училиштата.

Македонците во Струга претежно сметаат дека јазичните смени се предуслов за
побезбедна настава на нивните деца, кои уште од градинките биле одвоени и прв
пат посебно учениците од руралните средини се среќавале со другите етнички заедници во средните училишта. Мемет Љатифи новинар и жител на Струга смета дека јазичните смени не се решение на долг рок за смирување на тензиите, зошто според него меѓуетничките поделби веќе се чуватсуваат во секојдневниот живот на Стружани:

„Со тие поделби ништо нема да се постигне, бидејќи утре некој може да побара поделба на полицијата, на институциите, поделба на автобусите, поделба на улиците, на поштата... и до каде тоа ќе не одведе.“

Вели Љатифи. Дали со етничките смени ќе се купи мирот во „Нико Нестор“ останува да се види. Во соседната гимназија „Ибрахим Темо“ што е во ист училишен двор, албанците и Македонците учат сеуште заедно. Сега за безбедноста на овие 3000 ученици се грижи засилена редарска служба, наставниците и полицијата. Навидум нормализираната состојба ја поматуваат неофицијалните најави за евентуално можен бојкот од учениците Албанци на професорите на Македонски јазик. За идната учебна година повторно владата вети изградба на нова училишна зграда во Струга, каде треба да се пресели едно од средните училишта.
XS
SM
MD
LG