Достапни линкови

Франција ја обновува воената командна структура во НАТО


Францускиот претседател Никола Саркози соопшти дека Франција ќе ја обнови својата воена командна сруктура во НАТО. Соопштението, доаѓа по повеќе од 40 години откако тогашниот француски претседател Шарл де Гол ја извади Франција од воената командна структура, односно од одговорноста за стратешки планирања. Саркози денеска во Париз изјави дека враќањето на Франција е потребно, за да се слушне нејзиниот глас. ,,Време е да и се стави крај на оваа ситуација. Ова е во интерес и на Франција, и воопшто на Европа“ рече Саркози.
XS
SM
MD
LG