Достапни линкови

logo-print

Казнети соработниците на Садам Хусеин


Ирачкиот Суд ги осуди на 15 години казна затвор, поранешниот ирачки заменик премиер Тарек Азиз и Хасан Ал Маџид, познат како ,,Хемискиот Али“ инаку полубрат на поранешниот претседател Садам Хусеин, за злосторства против човештвото, поради убиството на 40-тина трговци во Багдад во 1992-та година. На Маџид, веќе му се изречени три смртни казни за геноцид и злосторства против човештвото извршени во текот на режимот на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG