Данскиот премиер Андрес Фог Расмунсен го презеде водството во трката за нов шеф на НАТО. Сегашниот, холанѓанецот Јап де Хоп Схефер функцијата која ја извршува од јануари две илјади и четвртата треба да ја напушти во јули годинава. Неговиот наследник официјално ќе биде наименуван на самитот на НАТО во почетокот на април. Според некои новински извештаи, за Расмусен веќе паднал договор меѓу трите најголеми европски сојузници, Германија, Британија и Франција. Наименувањето на вакви високи функции е многу чувствителна и главно тајна работа. Најмногу заради деликатните дипломатски напори да се најде вистинската личност.
,,Како што НАТО се соочува со можеби најважниот избор на лидер, Расмунсен е многу прифатлив за Соединетите држави, но и за Франција, Германија и Британија,,.
Вели Даниел Корски, од Европскиот совет за надворешни односи со седиште во Лондон, додавајќи дека НАТО досега немал поранешен премиер на своето чело. Тоа, според него, значително ќе го повиши профилот на шефот на Алијансата во време кога се дефинира нејзината иднина. Непишано правило е генералниот секретар секогаш да доаѓа од Европа, а воениот командант до биде од Соединетите држави кои пак, како и сите други членки имаат право на вето. Расмунсен е избор и на поранешниот и на сегашниот американски претседател, вели Корски кој во врска со најголемиот ривал на Расмунсен, односно шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски додава:
,,Мислам дека избор на генерален секретар од источна Европа ќе испрати многу поразлична порака до Москва од тоа дека станува збор за избор на личност која одговора на таа функција,,.
Полските односи со Русија се затегнати откако Полска стана члнека на НАТО и на Европската унија. Уште повеќе што Сикорски е познат како голем критичар на потезите на Русија спрема нејзините соседи. Од друга страна, токму Сикорски ги налути германците кога планираниот руско германски сверен гасовод со што се бајпасира Полска, го поврза со Пактот Молотов Рибентроп кој Хитлер и Сталин го искористија за поделба на Европа пред шеесет години.

Наследникот на сегашниот генерален секретар на НАТО Схефер официјално ќе биде наименуван на самитот на Аклијансата во почетокот на април