Достапни линкови

Ѓул – Регионалните земји да помогнат во борбата против тероризмот


Турскиот претседател Абдула Ѓул ги повика земјите членки на Организацијата за економска соработка кои оддржуваат состанок во Иран, да помогнат во борбата против тероризмот. Зборувајќи на самитот, Ѓул исто така изјави дека земјите членки на Организацијата мора да работат заедно за решавање на палестинко-израелскиот конфликт. Турција заедно со Иран и Пакистан во 1985-та година ја формираа Организацијата за економска соработка, а во неа членуваат уште шест земји од поранешниот Советски Сојуз и Авганистан.
XS
SM
MD
LG