Достапни линкови

logo-print

Европарламентарците расправаат за Македонија на патот кон ЕУ


Европски парламент

Европски парламент

Европратениците во Стразбург , денеска и утре ќе го разгледуваат напредокот на Македонија, Хрватска и Турција на нивниот пат кон Европската унија. Се очекува усвојување на извештајот кој предвидува датум за преговори и визна либерализација во 2009

Европратениците во Стразбург , денеска и утре ќе го разгледуваат напредокот на Македонија, Хрватска и Турција на нивниот пат кон Европската унија. На средбите со европарламентарците, вицепремерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски ќе зборува за престојниот извештај за напредокот на Македонија, за степенот на реализација на осумте одредници дадени од Европската унија, како
Земјите членки на ЕУ за разлика од Комисијата, не може повеќе да толерираат со уцена Грција да изнудува исчезнување на еден народ и да прави етничко чистење на еден народ, а Словенија да остварува територијални претензии
и за реализацијата на престојните избори во Македонија, објаснуваат од Секратаријатот за Европски прашања.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, вели дека ова свикување на европарламентот кое е последно во тој состав, ако донесе позитивна одлука ќе и ги зголеми шанските на Македонија за побрзо евроинтегрирање

„Земјите членки на ЕУ за разлика од Комисијата, не може повеќе да толерираат со уцена Грција да изнудува исчезнување на еден народ и да прави етничко чистење на еден народ, а Словенија да остварува територијални претензии,“

вели Слободан Чашуле . Тој очекува европратениците да гласаат спред својата совест, а потоа својот глас ќе го бранат пред својата земја. А доколку има скептици кои се против европроширување, треба да се разубедат на тој начин што Македонија ќе спроведе демократски избори, без инциденти. Пратеникот Емилијан Станковиќ, член на комитетот за соработка меѓу Македонија и Европската унија, очекува Европарламентот да го усвои извештајот за Македонија

„Европскиот парламент нема да го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2008 година онака како што е усвоен од Комитетот за надворешна политика на европскиот парламент. Оттука, тоа значи дека извештајот во таква форма ќе предвиди и датум за преговори и визна либерализација во 2009 година за Македонија.“

Чешкиот премер, Мирек Тополанек,како претставник на земја претседавач со ЕУ,при вчерашната посета на Македонија, порача дека, изборите и решенето на спорот со Грција, се клучни за влез на земјава во европското семејство.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG