Достапни линкови

Добрите и лошите страни на новата американска политика


Барак Обама, претседател на САД

Барак Обама, претседател на САД

Морализам на полица. Под ваков наслов весникот Вашингтон пост ја коментира надворешната политика на претседателот Барак Обама. Колку таа ќе ги доведе Соединетите држави да бидат рамнодушни спрема проблемите во светот.


Деветнаесетиот век не заврши, како што сите знаеме, во илјада и девестотата година, туку четиринаесет години подоцна, кога Гаврило Принцип изврши атентат врз надвојводата Франц Фердинанд во Сараево, и светот се налути. На сличен начин, Дваесетиот век не заврши се до оваа година кога, меѓу другите работи, претседателот Барак Обама навести дека не би исклучил разговори со поумерените талибанци. Или, со други зборови, ,,американскиот век,, заврши, пишува во коментарот, објавен во Вашингтон пост, во кој се додава: Очигледната подготвеност на Обама да ги подели талибанците на страшни и помалку страшни е уште еден знак дека во американската
Обама главно се дистанцира од она што со години го зборуваше Буш за војните против тероризмот и за ширењето на демократијата. За повеќето, тоа е добро.
надворешна политика влегува стерилен, но и неопходен реализам. Само во изминативе неколку денови, администрацијата на Обама назначи дека е подготвена, барем за извесно време, да замолчи во врска со кршењето на човековите права во Кина и да го притисне рестарт копчето во односите со Москва. Обамината администрација веќе разговара со сиријците, а е подготвена да разговара со иранците. Обама ги потурна тркалата на Оската на злото и главно се дистанцира од она што со години го зборуваше Буш за војните против тероризмот и за ширењето на демократијата. За повеќето, тоа е добро. Дури и Џорџ Буш почна да сфаќа дека претерал, пресонувал и пресфатил. Војната во Ирак трае веќе седум години, онаа во Авганистан и подолго. Талибанците си одат и си доаѓаат, а на демократскиот процес на Блискиот Исток му недостига ентузијазам, пишува весникот, наведувајќи дека сепак ни Обама нема да добие бакнеж од левицата за неговата нова надворешна политика. Либерализмот е со избледена морална компонента. Сега тој е во сферата на конзервативизмот. Никој веќе не спомнува, например со Авганистан, за состојбата на девојчињата во таа земја. Токму тука лежи опасноста за Обама. Талибанците се лоши. Ги убиваат оние што им опонираат и додека раководеа со Авганистан ја криеаа Ал Каида, се наведува во коментарот на Вашингтон пост во кој се додава: Американските непријатели никогаш не биле само наши опоненти. Тие се злото. Ние сме добрите. На таков начин ние се гледаме себе си. Обама има право да биде реалистичен и да бега од бомбастичната реторика. Морализмот е скапа работа, чини многу крв и пари. Тоа е новата реалност. Опасноста е во тоа дека ќе се свртиме кон внатре, не во изолационизам, бидејќи тоа е невозможно, туку финансиски изморени и рамнодушни кон останатиот свет, пишува во коментарот за новата американска надворешна политика, објавен во Вашингтон пост.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG