Достапни линкови

Австриецот Инцко, нов меѓународен претставник во БиХ


Австриското министерство за надворешни работи, како што јавуваат тамошните медиуми, потврдило дека амбасадорот на земјата во Словенија Валентин Инцко ќе биде новиот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Австрија, по Волфганг Петрич, вторпат ќе постави висок претставник на меѓународната заедница во Босна. Инцко има големо искуство на Балканот и важи за одличен познавач на регионот.
XS
SM
MD
LG