Достапни линкови

Изложба на детска компјутерска графика


Скопје
Скопје

Денеска со почеток во 18 часот, во Националната галерија на Македонија – Мултимедијалниот центар Мала станица, ќе биде отворена Традиционалната хуманитарна изложба на детска компјутерска графика. Ќе бидат изложени дела изработени од деца од предучилишна и училишна возраст, како и нa деца со посебни потреби.

Над 700 компјутерски графики изработени од деца од предучилишна и училишна возраст, како и на деца со посебни потреби во развојот, изработени во последниве неколку месеци, ќе бидат изложени на Традиционалната изложба на детска компјутерска графика што ќе се
Ние им го доближивме компјутерот како алатка, со која може да се изразуваат. Помогнавме, особено на децата со хендипек, кои немале можност да се изразуваат на ваков начин, да видат дека тука светот е рамноправен со сите деца. Тие ја развиваат својата креативност, идеи, имаше толку идеи од коишто човек само може да се воодушеви
одржи во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје. Ова несекојдневно културно случување како организатори го потпишуваат Националната галерија на Македонија и Приватното средно училиште Алгоритам центар.

Марина Божинова, директорка на Алгоритам центар, говорејќи за децата кои твореле за оваа најголема хуманитарна детска акција досега во нашава земја и за процесот за создавање на графиките што ќе бидат претставени на оваа изложба ќе забележи:

,,Ние им го доближивме компјутерот како алатка, со која може да се изразуваат. Помогнавме, особено на децата со хендипек, кои немале можност да се изразуваат на ваков начин, да видат дека тука светот е рамноправен со сите деца. Тие ја развиваат својата креативност, идеи, имаше толку идеи од коишто човек само може да се воодушеви."

По завршувањето на изложбата графиките ќе им бидат подарени на болниците и на другите институции кои работат со деца со посебни потреби.

Инаку Алгоритам центар, како приватно средно училиште, во своето 12 годишно постоење по четврт пат учествува во една ваква акција но по прв пат е коорганизатор на целокупните активности. Поучени од ваквото позитивно искуство од оваа образовна институција велат дека сето тоа им дава сила за натамошно развивање на актуелната акција.

,,Секоја година ќе ги мотивираме децата изработуваат што повеќе цртежи, ако годинава имаме 750, догодина сакаме да имаме уште повеќе цртежи."

ќе рече Божинова. Кон ова само уште информацијата дека Традиционалната изложба на детска компјутерска графика младите љубители на уметноста, учениците, родителите и педагозите, ќе можат да ја проследат до крајот на март годинава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG