Достапни линкови

Акција за мирни избори


Во престрет на одржувањето на претседателските и локалните избори на 22 март, во Дебар силна подршка доби активноста на НВО ,,ЦИВИЛ,, за мирни избори и оставање на оружјето настрана од изборниот процес. Во Дебар во изминатите изборни процеси беа регистрирани пукотници од огнено оружје и сите се свесни дека се неоходни превентивни мерки за да не се повтори таквата појава.

„Продолжуваме понатаму со нашата турнеја низ Македонија, каде што главните носители во сите општини, ќе го кажат својот збор и да се надеваме дека ќе делуваме превентивно против оружјето на изборите. Изненадувачки позитивно е тоа што граѓаните навистина сакаат да се здружат во рамки на одредени работни групи за превенција против оруженото насилство за време на изборниот процес.“

вели лидерот на НВО ,,ЦИВИЛ,, Џабир Дерала.

Локалниот кординатор на ЦИВИЛ Ајдин Фетаху ја изнесува оценката дека апелот за ненасилство и оставање на оружјето настрана од
Политичките партии и нивните претставници покажуваат интерес изборите на 22 март да поминат што помирно, фер и демократски
изборниот процес добива масовна подршка:

„Политичките партии и нивните претставници покажуваат интерес изборите на 22 март да поминат што помирно, фер и демократски.“

Инспекторот по превентива во Полициската станица во Дебар Милаим Абази, вели дека полицијата е целосно подготвена за превентивно делување во согласност со законот.

,, Ние ги имаме направено потребните подготовки на целокупниот полициски состав во однос на постапување за време на изборите, пред изборите и после изборите. Извршена е обука и на цивилниот инпекторат, а обуката ја спроведоа претставници од ЦИВИЛ и ОБСЕ со наши обучени кадри и сите знаеме која е улогата како полиција и мислам дека полициската станица во Дебар е подготвена да одговори на предизвикот за да си ги заврши обврските предвидени согласно законските прописи.“

Граѓаните на општина Дебар сакаат мирни избори и избори без насилства. Според Рашид Абазовски евентуалното користење на оружје може да доведе и до бојкот на изборите од дел на избирачите.

„Оваа превенција е многу битна затоа што насилството ниту во семејството не чини, а не пак она на улица со други граѓани. Многу е битно какви критериуми имаат луѓето и какво е поведението. Ништо чудно, доколку има нереди, луѓето да не излезат на гласање, бидејќи тие не се должни да излегуваат во ,,војна“.

вели Абазовски.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG