Достапни линкови

Надеж за Рилево


Прилеп
Прилеп

Детскиот плач, по долго време, го замени кукурикањето на петлите во прилепското село Рилево. Во селото сите се невработени, нема вода и луѓето мака мачат за егзистенција, па на новороденчето Теодора се гледа како на божји дар. Сепак, и нејзините родители би сакале да заминат од селото во потрага по подобар живот.

Кукурикањето на селските петли, секое утро е радосна најава за денот што се раѓа во прилепското село Рилево, каде забот на времето оставил длабоки траги. Но, веќе два месеца 70-тината жители кои монотоно го живеат секојдневието, утрото го препознаваат и по бебешкиот плач на малата Теодора, божји дар за семејството Спасески и надеж за рилевчани, дека нешто ќе биде подобро.

,,Дојдов од Албанија, тука сум мажена.“

Вели 21 годишната Анила, мајка на малата Теодора, која од селото Стојан, од општина Бурел, Албанија животната среќа ја препознала во 10 години повозрасниот сопруг Роберт. Тој размислува по 3-4 години да се иселат во другото поголемо село Ропотово, незадоволен од животот во Рилево, каде само прашина и кал е пол возхудот во летната жега без капка чиста вода за пиење, каде од смрзнатите бунари во дворовите не може да се налее вода, ниту во студените зими.

„Мора да се ,,бега“ затоа што немислам детово да оди до училиште четири и пол километри до Ропотово, како што одев јас. И по снег, и по виулици, врне, грми, ама мораш да одиш.“

Но, за бабата Зора перењето на пелените во дворот и при најниски температури не претставува никаква тешкотија. Вели преголема е радоста што Бог им ја донесе Теодора. Сонце им ја огреа куќата,среќа и благослов е што овде во Рилево, прв пат по 21 година се слуша
Секоја година ни ветуваат за избори, ќе донесеме и вода и патот ќе го направиме. Дури се тука ќе се изгласа и повеќе назад нема.
бебешки плач.

„Радоста е многу голема. Тешко ми е да ја перам на рака, да има чешма полесно ќе биде, да има вода.“

Пресреќен е и дедото Миле Спасески. Зашто постариот син со внуците останал да живее во Тремник, Неготино, а Даниела со децата во битолско Добрушево, зашто во Рилево секоја година е се полошо.

„Секоја година ни ветуваат за избори, ќе донесеме и вода и патот ќе го направиме. Дури се тука ќе се изгласа и повеќе назад нема.“

Селаните живеат од тутун и земјоделство, одгледуваат и малку добиток, се борат за гола егзистенција, оти сите се невработени. Десетина жители останаа ергени, зашто велат без пари не се формира семејство.А, бараат за почеток барем да се реши основниот проблем, да имаат доволно и исправна вода за пиење:
Од прилепскиот Завод за здравствена заштита постојано биле предупредувани водата- бактериолошки загадена, да ја преваруваат.Затоа тие со самофинансирање изготвиле проект вреден околу 1000 евра и уште пред 5 години го доставиле до локалната самоуправа. Но, проблемот се уште не е решен.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG